©2015,Copyright  Restaurant Gino / All right reserved Design: Del Rio Films DOO - Skopje, Macedonia Ресторанот Кај Џино е прв оригинален  италијански ресторан во Скопје. Започна  со работа на 18 мај 1997. Неговиот  сопственик и основач, Џино Гуацини,    кој доаѓа од егзотичната Тоскана,  Италија,  е голем љубител на готвењето,  кое го практикува во своето семејство,  создава исклучителен тим од готвачи,  креативни мајстори за пица и сладолед,  инспиративни бармени и максимално  професионални конобари. Тој притоа ги  учи сите нив на постапките за  приготвување, на посебните вкусови,  мириси, на душата на италијанската  кујна, особено на Тосканската.  Во ресторанот Кај Џино има се, ништо не  недостасува: тестенини во сите верзии,  шпагети, макарони, тортелини, равиоли,  канелони, њоки, сите свежо замесени  секој ден во ресторанот. Сите тие се  рашно изработени од страна на  вработените со помош на брашно од  тврда пченица(еден вид гриз) и свежи  јајца. Во Ресторан Кај Џино можете да пробате  и од говедскиот стек Фиорентина, разни  филети и други видови на месо.  Нудиме и свежа риба од сите видови:  морска риба приготвена на сол, лигњи,  ракови, јастог, октопод на скара, топли  предјадења, супи или свежо Карпачо.  Нудиме оригинална италијанска пица во  сите верзии со свежа моцарела и со  посебен рецепт за тестото а ла Џино,  печена во фурна со дрва.  Имаме ексклузивен бар со сите видови  на пијалоци, италијанско кафе, еспресо,  во исклучителна конекција со  ресторанот. Нашата винска листа е со  најдобрите македонски вина, голем  избор на вина од Тоскана, и избор на  вина од сите краишта на светот.  Нашата слаткарница е надалеку позната,  со најпознатите италијански слатки и  десерти, направени со природни состојки  од страна на нашите врвни слаткари.  Сигурно, еден од најпознатите производи  на Кај Џино е сладоледот, природен  производ без конзерванси, бои и  адитиви, рашно направен, со чисто  млеко и овошје.  Ресторанот Кај Џино има повеќе од 50  вработени, и претставува еден од  најпопуларните ресторани во Скопје, и  секојдневно е во процес на своите гости  да им пружи одлична храна и пијалоци,  професионална услуга и врвен квалитет  од светско ниво.  Господинот Џино Гуацини,   се заблагодарува на сите   свои посетители во низот   на години заедничко   дружење, како и на своите   вработени со чија помош се   поставија овие високи критериуми   на гастрономија и услуги.